Левица Битола:ВТОРО БАРАЊЕ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЖАНЕТА СЕРВИНИ!

 2,615 

ВТОРО БАРАЊЕ ЗА РАЗРЕШУВАЊЕ НА ЖАНЕТА СЕРВИНИ!

По низата скандали со кои се соочи техничкото училиште „Ѓорѓи Наумов“, нарушениот углед и сомнежот за злоупотреба на деца со цел препукување на в.д Директорот Жанета Сервини со претходниот директор, советниците на Левица-Битола денес доставија барање за разрешување на в.д Директорот Жанета Сервини до Градоначалникот Коњановски.

Бидејќи Градоначалникот Коњановски не се појави на денешната седница советникот Гаврил Трајковски прашањата ги достави писмено.

Во прилог ви ги доставуваме прашањата до градоначалникот:

1. Дали директорката Жанета Сервини поседува уверение за директор⁉️

2. Дали директорката Жанета Сервини поседува сертификат за познавање на англиски јазик(Ниво Б2)⁉️

3. Дали до 27.06.2022 Жанета Сервини била координатор на програмата ERASMUS и дали Жанета имала било какви активности додека била координатор⁉️

Градоначалникот тврдеше дека директорката била на средба во Бугарија за продолжување на претходно започната соработка. Но единствена соработка на училиштето со Република Бугарија е гранд на кој аплицирал претходниот директор и истиот тој проект завршил на 03.03.2022.

4. Која беше целта на посетата на Република Бугарија⁉️

5. Зошто на средбата не бил присутен сегашниот координатор на ERASMUS за време на посетата на Бугарија ако тоа било посета од таа програма⁉️

6. Дали е вистина дека Жанета Сервини злоупотребила деца со цел реваншизам на претходниот директор⁉️

7. Дали доколку разговорот со децата бил одржан на ден 26.12.2022 записникот е направен на ден 06.02.2023 со датум кога бил одржан разговорот⁉️

8. Зошто на записникот се потпишани само децата и психологот, но не и родителите или класниот раководител⁉️

9. Дали директорката Жанета Сервини се обрати до Општина Битола, за општината да и достави листа за лиценцирани наставници ментори⁉️

10. Дали е вистина дека на член на училишен одбор е вработена нејзина сестра како професор по машински предмети⁉️

11. Дали е вистина дека Претседателот на Синдикалната Организација во училиштето го доби на користење просторот на влезот во училиштето за продажба на прехрамбени и кондиторски производи⁉️ Доколку е вистина на кој начин беше спроведена оваа процедура⁉️

Очекуваме одговор на секое прашање, се надеваме дека со одговор на овие прашања според фактите кои ќе произлезат од истите градоначалникот ќе има услов за разрешување на Жанета Сервини од функцијата в.д Директор. И ќе постави лице кое ги исполнува критериумите за директор на училиштето.

Фотографија и текст се на Левица Битола , доставени до топНовост за објава

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment