о градот имало една убава мома што се викала Дојрана. Таа била заљубена во овчарчето Лабин. Еден ден на сред град се виело оро каде биле собрани сите моми и ергени. Тука била и Дојрана со Лабин. Во тој момент доаѓа Џемо-арамбашата, кој откако ја здогледал убавата Дојрана, ја грабнува, а Лабин тешко го ранува со сабјата. Дојрана од големата лутина и омраза кон Џемо скокнала од коњот на Џемо и се стрчала накај Лабин. Иако ранет, таа успева да го довлечка до езерските води и за да не бидат заробени од Џемо, се дават во езерото. Од тој трагичен настан, езерото според легендата се нарекува по името на Дојрана, Дојранско Езеро, а градот го добил името Дојран.
Според горезапишаната легенда и големиот македонски композитор Трајко Прокопиев го напишал балетот „Лабин и Дојрана“. Овој балет за првпат е изведен во сезоната 1957/58 година.