Литија со светите икони!Ова е верата на Апостолите

Loading

13.03.2022 Литија со светите икони

Ова е верата на Апостолите. Ова е верата на Отците. Ова е верата на православните. Оваа вера Вселената ја утврди. И сега ние, братски и пријателски, во слава и чесна побожност, ги величаме хероите на верата за која тие се бореа!…Ја сликаме, ја почитуваме и верно ѝ се поклонуваме на иконата на Господа, а Црквата пак добива смелост Спасителот набожно да Го прославува….Црквата Христова се ослободува од жалоста и од мракот на ересите, и ја облекува ризата на радоста, и со божествената и светлоносна благодат се покрива….Православниот народ си ја врати древната слава и сјај, со заповедта на царицата Теодора и на благочестивиот нејзин син Михаил самовласник.

храм Свети Николај Чудотворец – н. Аеродром

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment