Од СВР Битола соопштуваат дека вчера кај Градското битолско шеталиште , лишена од слобода била скопјанка поради оддавање на проституција
На 20.04.2024 во 21.45 часот на Градското шеталиште во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода Б.М.(36) од Скопје, со привремен престој во Битола. Таа била затекната како нуди сексуални услуги, односно при оддавање на проституција. Против неа ќе биде поднесен соодветен поднесок. – соопштија од СВР Битола