ЛИШЕНА ОД СЛОБОДА 34 ГОДИШНА БИТОЛЧАНКА

Извадоци од Дневниот Билтен на СВР Битола

На 28.02.2024 на ул.„Филип Втори Македонски” во Битола, полициски службеници од СВР Битола ја лишиле од слобода К.З.(34) од Битола затоа што кај неа била пронајдена грутчеста материја. По документирање на настанот, против К.З. ќе следува соодветен поднесок.

На 28.02.2024 во 13.05 во Полициско одделение Кривогаштани, В.Ѓ.(49) од с.Обршани, прилепско, пријавила дека нејзиниот сопруг при вршење на земјоделски работи во дворното место пронашол две минофрлачки  гранати. Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнал гранатите и констатирал дека се работи за гранати со калибар од 62мм од Првата Светска војна.

На 28.02.2024 во СВР Битола, Б.А.(70) од Битола пријавил дека на ул.„Генерал Васко Карангелевски” во Битола бил каснат од куче скитник.

СВР Битола

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment