301
По повод на крвав настан,кој се случил на 16.06.1943 та година,кога биле стрелани 12 младинци од селото Ваташа,Ор.Аманет 1903 та Скопје-Македонец за Македонец,положивме,свежи цвеќиња на нивен гроб.

Во својот краток говор од ова место,Председател на Ор.Аманет 1903 та Скопје-Македонец за Македонец,Дејан Гавровски,меѓу останато,порача “За да му простиш на некого,нешто,за да ти остане пријател,треба да ти се извини од дното на својата душа и да делува во насока на подобрување на тоа пријателство.Меѓутоа,за да простиш едно,вакво злосторство,еден ваков чин,кои е извршен пред нивните најблиски,кои е извршен пред четири млади девојчиња,кои што исто така требало да бидат стрелани,треба да се извини од срце и душа цела бугарска нација…”

Во присуство на родител,самиот чин на полагање цвеќиња го направи ,најмалата претставничка на Ор.Аманет 1903 та Скопје-Македонец за Македонец -Нина .Нејзиниот и наш наклон пред 12 млади животи дадени за Македонија,пренесуваме во следна фотографија. И Ваташа е Крвопис. Аманетот е Жив