Македонија бара итен почеток преговорите со ЕУ за да не се влоши состојбата во регионот

 59 

Веднаш да се отпочне со преговорите за пристапување кон Европската Унија за да не се влоши ситуацијата во регионот. Ова е барањето на Министерството за надворешни работи, откако започна војната во Украина, која е нападната од Русија. Тој смета дека само на ваков начин, Македонија ќе може да помогне за да не се влошат ситуациите.

Алармираме за поголемо внимание овде. Ургентниот чекор е одма да се деблокира почетокот на преговори за овие две држави, за да можеме ние да помогнеме и да превенираме евентуалните влошувања на приликите. Кога ние имаме наша ситуација, не можеме да придонесеме. Првата одлука за да се спречи влошувањето на ситуацијата во регионот е веднаш да се започнат преговорите со Северна Македонија и Албанија“, кажа Османи.

Според него, веќе има обид од како што рече, одредени центри, да се наруши довербата на граѓаните во институциите. За поддршката која Македонија ја дава кон Украина, вели дека на тој начин се поддржуваме и себе си.

„Нашата поддршка за Укирана не е само поради Укирана туку поради и наши принципи. Поддржувајќи ја Украина се поддржуваме и себеси. Затоа сум изненаден од жестината на поддршката во одредени кругови кон руската позиција во овој конфликт. Обидот за деградирање на нашата позицијата, иронизирање на нашата позиција, иронизирањето на поддршката на Украина со: „Што можете вие да поддржите, немате ништо како држава“. Тоа може нас да ни личи дека луѓето така коментираат, но тоа е поттикнато од одредени центри што сакаат да ја нарушат довербата во нашите институции. Вчера кога беше донесена одлука за помош имаше илјадници реакции: „Што вие ќе дадете“, „Ќе дадете играчки, бидејќи вие немате ништо“. Тоа е целта, да се наруши довербата кај Армијата, институција во која граѓаните имаат најголема доверба. Целата е таа, за да не се слушаат нашите пораки. Тоа е хибридната закана. Мислам дека е важно сите да се бориме против дезинформациите, чија улога е да се намали улогата на државата“, рече Османи.

Makfaks

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment