Манастир на Свети Илија кај Ротино

Манастирската црква Св. Илија во близина на село Ротино е понова градба која според кажувањата на локалното население е изградена врз постар манастир. Манастирот е сместен на периферијата, на јужната страна на село Ротино, на околу 200 метри од последната куќа.

Густата букова шума на Баба планина, уреденото излетничко место веднаш до Манастирот и Ротинското езеро, се главните причини поради кои овој манастир е една од омилените дестинации за посета на битолчани.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment