Манастирот Свети Илија кој се наоѓа во селото Качапун на терироријата на општината Владичин Хан е изграден од Неманјичи бидејќи се наоѓа на патот за Хиландер Обновен е на темелите од манастир од 13 век и е еден од најстарите храмови во врањската епархија.
Покрај манастирската црква изграден бил и конак, но за жал стариот конак се срушил под забот на времетоМај 2018 година во манастирот избива пожар, конакот изгорел.Според преданијата во манастирот живееле три монаси на чело со игуменот Симеон.
Во 1809 година игуменот локалните Срби ги кренал на бунт, Мехмед паша го прекинал бунтот и игуменот го обесил пред манастирот , монасите ги избркал а манастирот го затворил. Во еден временски период за кој не е точно кога утврдено на црквата се сруѓил блискиот рид, па така манастирот бил затрупан под земја, се претпоставува дека таака стоел најмалку 100 години. Повторното откривање на манастирот било од страна на стадо кое пасело во околината, од тогаш повторно манастирот станува големо светилиштеВеднаш до манастирот тече поток со чиста планинска вода, а наоколу има безброј лековити извори и природна убавина