МВР интензивно ќе трага по 14 годишно девојче и во текот на ноќта

Министерството за внатешни работи ја известува јавноста дека се преземаат интензивни мерки и активности за пронаоѓање на В.Ѓ. (14) откако денеска (27.11.2023) во 08.35 часот З.Ѓ. од Скопје пријави дека се сомнева дека нејзината ќерка В.Ѓ. (14) е исчезната.

За решавање на случајот и пронаоѓање на лицето веднаш по добиената пријава вклучени се целосните капацитети на СВР Скопје на највисоко ниво, извршени се низа разговори со лица блиски на малолетничката, прегледани камери итн. Истрагата продолжува интензивно и во текот на ноќта.

Апелираме да не се шират дезинформации, а МВР постојано ќе ја информира јавноста се до пронаоѓање на малолетничката“, велат од МВР.

Утрово на друштвените мрежи мајката на 14 годишното девојче објави дека на нејзината ќерка и се губи трага додека одела кон училиште.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment