Министерот на МВР , Панче Тошковски објави на својата официјална фб страница дека потпишан е договор наменет зза размена на електронски податоци со Јавното обвинителство, креираме брзи услуги за граѓаните.
Денеска заедно со државниот Јавен обвинител, Љупчо Коцевски го потпишавме договорот за размена на податоци во електронска форма. Договорот е потпишан во соработка со Националната платформа за интероперабилност во која институциите се поврзуваат меѓусебно за размена на електронски податоци за процесите, услугите и надлежностите кои ги имаат со цел обезбедување на најбрза размена на податоци и со тоа и услуги за граѓаните.- објави Панче Тошковски на својата фб страница
Врз основа на договорот, обвинителството ќе добие директен електронски пристап до базите на податоци кои ги води МВР за државјанство, за моторни возила, за живеалиште и престојувалиште и за поседување оружје.
Дигитализација на сите услуги и процеси е еден од главните столбови на Владата со која ќе понудиме брзи и ефикасни услуги за граѓаните, во овој случај со брза размена на податоците меѓу нашиве две институции. Размената на податоци во електронска форма ќе се врши преку поднесување на електронски барања од секоја договорна страна, засновани на претходно поднесено и прифатено генерално Барање за користење на веб сервиси достапни преку Националната платформа за интероперабилност, согласно прописите од областа на електронското управување и електронските услуги. Креираме дигитализирани и поврзани институции кои ќе даваат брзи и ефикасни услуги за граѓаните.- стои во објавата на фб на Министерот за Внатрешни работи , Панче Тошковски
Активен линк од објавата
8 мин. ·
Потпишан договор за размена на електронски податоци со Јавното обвинителство, креираме брзи услуги за граѓаните.
Денеска заедно со државниот Јавен обвинител, Љупчо Коцевски го потпишавме договорот за размена на податоци во електронска форма. Договорот е потпишан во соработка со Националната платформа за интероперабилност во која институциите се поврзуваат меѓусебно за размена на електронски податоци за процесите, услугите и надлежностите кои ги имаат со цел обезбедување на н…

фото превземено од фб страница на Панче Тошковски