На социјалните мрежи се појави објава во која се бара помош за изгубено 14-годишно девојче. Според објавата од мајката, девојчето тргнало накај училиште во 7:20 часот, по што и се губи трагата. Последен пат била видена во Дебар Маало, на пат накај училиштето „Јохан Хајнрих Песталоци“.
Случајот бил пријавен и во полиција, која трага по изгубеното девојче.
„Утрово во 7:20 часот мојата ќерка Вања Ѓорчевска излезе за на училиште и се изгуби секаква трага. Облечена е во црни панталони со странични џебови, светлосин џемпер, црна кратка зимска јакна и бели патики ’најк’ со кафеава лента на ѓонот. Последен пат е видена во Дебар Маало на пат кон ‘Песталоци’. Доколку имате каква било информација, јавете се на 075 400 816“,пишува мајката на девојчето во објава на Фејсбук.
Zorica Gjorcevska
2 ч. ·
Utrovo vo 7.20 mojata kerka Vanja Gjorcevska izleze za na uciliste i ise gubi sekakva traga. Oblecena e vo crni pantaloni so stranicni dzebovi, svetlo plav dzemper, crna kratka zimska jakna i beli najk patiki so kafeava lenta na gjonot. Posleden pat e videna vo debar maalo na pat kon Pestaloci. Dokolku imate bilo kakva informacija javete se na 075 400 816.