Објектот на Митрополијата во Битола, според своите историски и архитектонско – естетски вредности, има својство на споменик на културата на Република Македонија.
Изграден во 80-тите години на 19 век, како Егзархиска Митрополија, во која се менувале во зависност од политичките состојби бугарски и српски митрополити и владици.
По Втората Светска Војна објектот станува седиште на Преспанско – Пелагониската Епархија на Македонската Православна Црква.
Овој објект е еден од најубавите примероци на нео-барокната архитектура во Македонија.