Мнозинството со 68 гласа ЗА ги усвои новите предлог заклучоци за францускиот предлог,Левица го напушти Собранието

 1,047 

Собранието  ги изгласа предлог заклучоците поднесени од пратеничките групи на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ во однос на француската предлог преговарачка рамка, откако од вкупно 69 пратеници кои гласаа, „за“ гласаа 68 пратеници, без гласови против или воздржани.

Откако ги усвоија заклучоците, пратениците од мнозинството со аплауз ги поздравија и развиорија македонско знаме во собраниската сала, како и знаме на Европската Унија.

Гласањето помина без Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, кои го напуштија македонското Собрание, откако не беше прифатено барањето на пратеничката Дафина Стојаноска за еден час пауза по завршувањето на расправата по француската предлог преговарачка рамка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment