МТСП: Градоначалникот и Советот на Општина Битола го попречуваат функционирањето на детската градинка „Естреја Овадија Мара“

 1,560 

МТСП целосно и докрај го спроведува Законот за заштита на децата, со цел детските градинки да ја извршуваат својата основна функција, згрижување на децата од предучилишна возраст.  

Во согласност со извршениот редовен инспекциски надзор, во ноември 2021 година, инспекциската служба утврди дека иако има законска обврска, Советот на општината ги нема донесено Годишната програма на општината за 2022/2023 г. и Годишниот извештај за работа на предучилишната установа за 2021 г. за ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“, со што го попречил згрижувачко-воспитниот процес на околу 700 деца во девет објекти. 

Поради повреда на одредбите од Законот за заштита на децата, МТСП до градоначалникот Тони Коњановски и Советот на Општина Битола достави укажување за постапување за избор на член на Управен одбор од редот на вработените во установата. 

Поради непостапување во даден рок, МТСП донесе Решение за одземање на надлежноста на градоначалникот и на Советот Општина Битола, во делот на избор и разрешување на член на Управен одбор во ЈОУДГ „Естреја Овадија Мара“. 

Речиси идентична состојба има и во ЈОУДГ „Мајски Цвет“- Битола, нема донесено Годишна програма, Извештај за работа во предучилишна установа, ниту е именуван член на  УО од редот на вработените. 

МТСП ќе продолжи да се грижи за сите деца згрижени во предучилишните установи и ќе ги спроведува одредбите од Законот за детска заштита, при што секогаш ќе  се спротивстави на обидите за политизација на законското работење на институцијата.-велат од МТСП.

За оваа тема се огласи и општина Битола еве што информација пласираа

КОЊАНОВСКИ: МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА ДА ЗАПРЕ СО ОПСТРУКЦИИТЕ ВРЗ ОПШТИНА БИТОЛА

КОЊАНОВСКИ: МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ТРУД И СОЦИЈАЛНА ПОЛИТИКА ДА ЗАПРЕ СО ОПСТРУКЦИИТЕ ВРЗ ОПШТИНА БИТОЛАГрадоначалникот, Тони Коњановски, денес, заедно со претставници на Советот на општина Битола, одржа прес конференција пред Министерството за труд и социјална политика, каде побара да запрат опструкциите и да се овозможи функционирање на установата – ЈОУДГ Естреја Овадија Мара, согласно Закон.Интегрален текст од денешната прес конференција на Градоначалникот Тони Коњановски:Почитувани,Централната власт, продолжува со опструкции врз локалната самоуправа во Битола, овојпат, директно удирајќи по воспитниот процес и нанесувајќи им индиректна штета на нашите најмили – децата од предучилишна возраст.

Ветивме промени, а централната власт на секој можен начин сака да ги стопира промените, не почитувајќи ја волјата на народот, со која се соочија пред само четири месеци.Во досегашниот период, до Општина Битола беа доставени низа претставки од вработени во ЈОУДГ Естреја Овадија Мара, каде се наведени жалби од однесувањето на директорот на оваа установа.Мобинг, своеволие, притисоци. Вака вработените ја опишуваат атмосферата во дел од деветте објекти кои се во склоп на градинката, со кои раководи директорката.Дополнително, група вработени, реагираа и на начинот на одржување и изборот на член во Управниот одбор на установата од редот на вработените, опишувајќи го како нерегуларен, спроведен без присуство на сите членови и во недостаток на гласови, дополнет со глас на директорката. Нелегално избраниот член, не беше изгласан од Советот на општина Битола.Како локална самоуправа, неможеме да дозволиме ваков начин на функционирање во установите под наша надлежност, поради што целата документација ја доставивме до Министерството за труд и социјална политика.Наместо преземање на соодветни мерки, денес, се соочуваме со одземање на ингеренциите за оваа детска градинка, токму поради нашата посветеност, за законско спроведување на постапките и обезбедување соодветни услови за работа на вработените, а пред се непречено згрижување и воспитание на децата од предучилишна возраст.Ја прашуваме Министерката за труд и социјална политика:- Дали ќе ги игнорира претставките на вработените?- Дали ќе дозволи партиската волја да го креира начинот на работа во установата?- Дали незаконското работење е она што го поддржува централната власт?

Очекувам, Министерството за труд и социјална политика да запре со опструкциите врз општина Битола, особено во овој случај кога се во прашање децата, да ја преиспита својата одлука и преку надлежните институции, да спроведе постапка со која ќе го провери работењето на детската градинка Естреа Овадија Мара, а истовремено да создаде услови за професионално и посветено работење на установата.Во име на промените ветени пред граѓаните, бараме да престанат опструкциите, стопирањата и блокадите.Граѓаните избраа промени, а промените повторно ќе победат.

Инаку најпрвично сето ова се заоснова на тоа што Министерството за труд и социјална политика (МТСП) ги одзеде надлежностите на Општина Битола, на градоначалникот Тони Коњановски и Советот на  општина Битола за управување со установата „Естреја Овадија – Мара“, која во својот состав има 9 градинки. Причината за ваквиот потег на Министерството е неизгласувањето на седница на Советот на членот на Управен одбор од редот на вработените, потврдуваат од градинката за „Независен“. Тоа значи дека именувањето на членот на УО од редот на вработените сега нема да се гласа на седница на Советот, туку на седница на Владата, со тоа што УО ќе биде во полн состав од 7 члена.По ова се огласи и градоначалникот од пред просториите на МТСП а потоа и МТСП возвррати со одговор.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment