Нападнат новинар, МВР експресно брзо го приведе напаѓачот

 1,483 

Министерството за внатрешни работи експресно расчисти извршено кривично дело Насилство врз Новинар.Од слобода беше лишено лицето Горан Маркович од Скопје, кој на ден 05-04-2022 година околу 15 часот со тврд предмет од зад грб извршил физички напад врз новинар сопственик на портлот„ДоказМ“ ,кој во тој момент бил со неговиот малолетен син.Од како насилникот Горан Марковиќ неколку пати со тврда палка му задл удари , со трчање побегнал во неговото возило марка „BMW“ и се оддалечил од местото на настанот.

Македонската полиција предводена од директорот на Бирото за јавна безбедност Г-дин Сашо Тасевски, веднаш по добиената пријава од новинарот М.С. , веднаш го вклучија Одделението за насилен криминал трговија со луѓе и посредување во вршење на проституција во рамки на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје, кој за краток временски период во соработка со ЈО Скопје ги обезбдија сите надзорни камери во реонот каде беше извршен кривично правниот настан,а денес во раните утрински часови сторителот на кривичното дело Горан Марковиќ беше обезбеден од страна на полицијата која против него поднесе соодветен поднесок до ЈО Скопје.

Соопштение за настанот од страна на МВР на РСМ

На 19.04.2022 во 10.00 часот во Скопје од полициски службеници од Одделението за насилен криминал трговија со луѓе и посредување во вршење на проституција во рамки на Единицата за насилен криминал при СВР Скопје е приведен Г.М.(35) од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „насилство“, казниво по чл.386 од Кривичниот законик. Тој на 05.04.2022 на подрачјето на Карпош со тврд предмет физички го нападнал М.С.(44) со живеалиште во Скопје.
За случајот е известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment