Најнови информации од дневниот билтен на Секторот за внатрешни работи Битола

Дневен билтен на СВР Битола

На 27.11.2024 во 18.40 часот полициски службеници од ОВР Прилеп  на ул. „Дабнички завој“ ги лишиле од слобода Е.А.(40),  С.А.(22), С.Ќ.(22), М.Џ.(27) и Д. А.(26) сите од Прилеп. При преглед кај Д.А. била пронајдена марихуана и дигитална вага, а кај М.Џ. марихуана. Лицата се приведени во Полициска станица Прилеп и по документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

На 27.11.2024 во 18 часот во ОВР Прилеп, Г.Ј.(45) од Прилеп пријавил дека неговиот син на место викано „Џумушица“ во Прилеп бил физички нападнат од И.А. од Прилеп, кој употребил и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 27.11.2024 во 16.40 часот од страна на полициски службеници од ОВР Крушево во с.Борино кај место викано „Влашка црква”, затекнат бил С.А. од с.Пресил како врши транспорт на огревни нежигосани дабови дрва, натоварени на коњи. Од страна на полициските службеници дрвната маса и моторна пила биле одземени и предадени на шумска полиција, а при  извршената обиколка на теренот биле пронајдени и дополнителна количина на  нежигосани огревни дрва. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.

На 27.11.2024 во 13.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Север- Југ” во Битола, во стан сопственост на А.С.(47 ), настанал пожар во кујната. Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната противпожарна единица Битола, при што, повредени лица нема. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.

На 27.11.2024 во 15.50 часот во ОВР Прилеп, И.К.(35) од Прилеп пријави дека во Прилеп, поради недоразбирање во сообраќајот, непознато лице му се заканувало со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

На 27.11.2024,  врз основа на судска наредба издадена од Основен суд Прилеп, полициски службеници од Полициското одделение Ропотово извршиле претрес во домот и други простории на  М.У.(28) од с.Десово, Општина Долнени. При претресот пронајдени и одземени биле две ловни пушки и 11 патрони за ловна пушка. Лицето било лишено од слобода и по документирање на настанот ќе следува соодветна пријава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment