На границата помеѓу Украина и Полска наши транспортери, украинските власти не ги пуштаат имале руски продукти во нивните камиони

 98 

Пратениците најавија Декларација за поддршка на територијалниот интегритет на Украина, каде државава, според  Министерството за одбрана, ќе испрати воена помош, но не и војници. И во текот на вчерашниот ден продолжија активностите за извлекување на нашите граѓани од Украина, како и подготовките за евентуален бран бегалци од таа држава. Во меѓувреме Министерството за надворешни работи објави дека го одложува испраќањето на новиот македонски амбасадор во Русија.

-Територијалниот интегритет на Украина секако дека го поддржуваме, а воената агресија што Русија ја врши најостро ја осудуваме. Тоа е кршење на основните човекови права, изјави вчера пратеничката од СДСМ Даниела Колева, пренесувајќи ја поддршката за иницијативата во Собранието да биде изгласана декларација за поддршка на територијалниот интегрититет на Украина.

Од вкупно 100 мапирани наши граѓани во Украина 50 се веќе извлечени и уште толку треба да се евакуираат. Од останатите 50 не се сите наши државјани, а се очекуваше уште во вчерашниот ден поголем дел од нив да бидат евакуирани. Дваесетина се во Киев, а уште толку има во други градови низ Украина. Во текот на вчерашниот ден требаше да биде извлечено и едно семејство со петдневно бебе кое се наоѓа во Харков. На границата помеѓу Украина и Полска се и наши транспортери кои носат стока од Русија, а украинските власти не ги пуштаат заради тоа што имаат руски продукти во нивните камиони. Сите наши граѓани од Одеса се извлечени.

– Продолжуваме со активностите. Околностите се менуваат континуирано на терен. Нашите очекувања се дека ќе се влошат околностите уште повеќе, меѓутоа мораме во такви околности да најдеме начини да ги евакуираме нашите граѓани и тоа е наш прв и најважен приоритет секој од нив да го извлечеме, меѓутоа безбедно, рече министерот за надворешни работи Бујар Османи на брифинг со медиумите.

Од МНР ги упатуваат нашите граѓани доколку најдат начин да стигнат до конзулатите на државите со кои имаме договор да ги преземаат како нивни граѓани. За евакуација на нашите граѓани досега договор има со Бугарија, Полска, Романија, Молдавија, со балтичките држави со кои надлежните имаат комуникација, а се комуницира за таа цел и со Турција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment