1,080
На денешната владина седница е разрешен државниот правобранител Фехми Стафа, потврдуваат од Владата.
Допрва се очекува образложение за ваквата одлука.
Стафа беше назначен на функцијата од август, 2018 година.
Инаку Стафа пред неколку месеци поднесе кривична пријава за неуспешната конфискација за случајот ,,Трансмет”, против обвинителите Гаврил Бубевски и Артан Ајро, како и за досегашниот директор Арафат Муареми, но од друга страна обвинителството ја истражува и неговата улога, односно на Државното правобранителство во случајот со конфискацијата на имотот на бизнисменот Сеад Кочан.