На крстосницата од кракот Битола-државна граница со Р.Грција и патот Ѓавато-Тополчани се случила сообраќајна несреќа

 1,489 

На 09.08.2022 во 22.04 часот било пријавено дека на крстосницата од кракот Битола-државна граница со Р.Грција и патот Ѓавато-Тополчани се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген туарег“, со прилепски регистарски ознаки, управувано од У.Р.(45) од Битола и патничко возило „бмв“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(34) од с.Могила. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.Р., констатирани во Клиничката болница во Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.- соопштуваат од СВР Битола

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment