На патот А-3 Битола – Ресен се случила сообраќајна несреќа, возач на мотоцикл „кавасаки”загина на лице место

Секторот за внатрешни работи Битола соопшти за тешка сообраќајка , возач го загуби животот

На 08.09.2024 во 16.32 часот во СВР  Битола било пријавено дека на патот А-3 Битола- Ресен се случила сообраќајна несреќа, во која Д.С. (40) од Куманово управувајќи мотоцикл „кавасаки” со кумановски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од патот. Од страна на доктор од Итна медицинска помош Битола кај возачот е констатирана смрт на местото на настанот. Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола, во присуство на јавен обвинител.- соопштија од СВР Битола

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment