На ул. Караорман во Битола приведено лице барано со централна потерница

Денеска (15.11.2023) на ул.„Караорман” во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција на СВР Битола го привеле А.Џ.(40) од Битола. Тој бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Основен суд Охрид за издржување на затворска казна. Лицето било спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната.- соопштуваат од СВР Битола

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment