Пред куќата од родителите поставил болјер кој узурпира бесправно јавен простор, го врзал со синџир , за да не му паркирале!
Во Србија секој оној кој чува вака простор со болјер, канта , кофа, столица, камења, добива казна. Според нивниот Закон.
Законот таму е јасен за паркирање на јавен просторт лутење нема кој прв ќе стигне тој прв ќе паркира.
Од друга страна секој обид да се сочува празен простор без разлика за која намена а е јавен , со поставување било какви препреки или натписи забрането паркирање се тоа е против законски
Според нивниот Закон , ЗБС и член 66 стои дека забрането е да се паркира на начин со кој друго возило би било попречено да помине
Поставување камења, болјери, тули, гајби, канти , написи не паркирај , не го решаваат ваквиот проблем, туку на тој начин поставувачот го крши законот за јавен простор.
Се повеќе граѓани низ улиците поставуваат камења, написи забрането паркирање, болјери и слично
Сите натписи со кои некој забранува паркирање немаат никакво законско значење. Да би важела таква табла мора претходно да добиете дозвола од Секретаријатот за сообраќај а во другите градови од надлежен оддел за сообраќај.
Предупредувањето од друга страна да некој своеволно постави знак натпис Не Паркирај или пак постави нелегално набавен сообраќаен знак со иста порака, претставува прекршок кој се казнува.
Кога станува збор за приватна куќа нема многу разлика од паркирање како и пред зградите. Просторот пред куќата приватна кој се наоѓа настрана од приватната површина на кој е куќата се смета за јавна површина и на сите им е дозволено. Едниствено секој може да управува по своја волја на приватен и личен простор но не и на јавен
Посебна приказна е која некој сам си обележува јавен простор заградувајќи го со разни препреки , тој на тој начин се обидува да си резервира простор, но тоа не е никаква резервација ниту има право на тоа, таквата постапка спаѓа во бесправно завземање на јавна површина. Истиот предмет дали ќе е камен , канта, болјер, столица и слично можете да го отстраните или да повикате сообраќајна полиција за да предметите ги отстрани а на сторителот му напише казна.
И низ битолските улица може да се видат поставени камења, кофи на јавен простор, да треба брза помош да дојде на некои улици прашање е каде би застанала од камења , кофи со кои нелегално си резервираат јавен простор?
фото илустрации на темата