НЕОБИЧНА УБАВИНА НА КАЊОН МАТКА

 468 

Кањонот Матка се наоѓа на реката Треска, која е десна притока на реката Вардар. Со преградување на реката Треска и изградбата на лачно армирано-бетонска брана била создадена вештачката акумулација Матка. Една од многуте карактеристики за езерото Матка е тоа, дека претставува најстарото вештачко езеро во Р. Македонија. Вештачкото езерото Mатка, било формирано далечната 1938 година. Денес водата од езерото освен за добивање на електрична енергија се користи за наводнување, кајакарење, пливање, гњурење и за други туристичко рекреативни цели

Автор на текстот и фотографиите
професор Дарко Оносимоски


Кањонот Матка е лесно пристапен и се наоѓа во близина на главниот град Скопје. Матка како уникатен туристички потенцијал станува се повеќе популарно место за голем број туристи. Искуството на туристите кои имале можност да го посетат кањонот, велат дека чуството е уникатно, доживувањето најчесто го опишуваат “како да сте откриле нов свет”. Во тој свет велат дека доминираат високи карпи и пештери, планинарски патеки, колоритни пеперутки, лековити води и растенија, средновековните манастири, различни природни мириси итн.
Матка има многу тиристички содржини, едно најпосетуваните места во Матка се уникатните околни пештери. Пештерите изобилуваат со уникатни форми од сталактите и сталакмити . Секогаш при посетата кањонот ќе имате можност да поразговарате со некој локален кајакар, планинар, алпинист или угостител за убавините на овој простор. Најчесто посетувана е пештерата врело која се состои од две пештери подводна и надводна, за подводната пештера истражувањата покажаа дека е една од најдлабоките подводни пештери во Европа и светот. Надводната пештерата се состои од три сали познати како коцертна сала, сала на сталактити и сала на езерата. Во длабочината на пештерата се наоѓаат две пештерски езера со смаргдна боја над кои висат голем број сталактити.

Автор на текстот и фотографиите
професор Дарко Оносимоски


До пештерата се стигнува со организиран превоз со чамец кои тргнува од пред платото на манастирот Свети Андреа, патувањето до пештерата трае околу 20 минути. Освен Врело, тука со својата убавина се истакнуваат и пештерите Убава и Крштална.
За љубителите на поекстремните спортови, Матка нуди можности за спортско качување и алпинизам. Алпинистичко и спортско качувачките активности се одвиваат главно на пет локалитети: централа, отмарова карпа, карпа, маткино трло и иглите.
Целиот кањон изобилува со голем број сакрални објекти.

Автор на текстот и фотографиите
професор Дарко Оносимоски

Причината за изградбата на голем број средновековни манастири на овој простор во главно се должи поради безбедноста кои го нудел тешко пристапниот терен во минатото. Интересен факт е дека Матка ја нарекуваат Света Гора , тоа се должи поради големот број манастири од средновековниот период. За жал сите манистири не се зачувани, но поголемот дел се во одлична состојба. Најпознати манастири се манастирот Успенија на света Богородица, манастирот Свети Никола Шишевски, црква Свети Андреа, црква Свети Спас, црква Света Недела. Над самиот кањон постои археолошки лакалитет познат како Марков град.
На локалитетот Матка може да се види богат фонд на флора и фауна. Неодамна се откриени два нови видови на пајаци и пет лажни скорпии. Во кањон Матка се регистрирани 119 видови дневни и 140 видови ноќни пеперутки. Значајно е да се напомене и тоа дека во кањонот Матка се среќаваат 77 видови на балкански ендемични мали пеперутки, а уште 18 други видови се нови за науката. Во рамките на кањонот се наоѓа спелеолошкиот парк “Јовица Гроздановски”, наречен според трагично загинатиот алпинист.

Автор на текстот и фотографиите
професор Дарко Оносимоски


Матка е совршена дестинација и одлично прибежиште од секојдневните рутински активности. Може да поминете еден викенд исполнет со различни активности: пешачење, алпинизам, кајакарство, спелеологија, посета на средновековни манастири со живописни фрески, набљудување на птици (особено белоглави орли) и ретки видови пеперутки, како и да дегустирате вкусна храна во рестораните, уживајќи во погледот кој ви се пружа кон кањонот.
Несомено е дека, доколку Матка е вашата следна дестинацина, ќе доживеете автентично уживање. Покрај тиркизната вода ќе слушнете многу преданија и легенди поврзани со изградбата на манастирите, фреските и археолошките остатоци. Посетата на овој предел ќе биде причина да ја задоволите љубопитноста и да го истражите подземниот и помалку познат свет во кои се кријат многу пештерски украси, богат биодиверзитет, што секако дека се само дел од бесконечните можности и за љубителите на добрата фотографија.

Автор на текстот и фотографиите

професор Дарко Оносимоски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment