Неодамна одекна вест за Божјо чудо во манастирот кај битолско, Свети Теодор Трион кај селото Граешница. Скоро сите верници кои беа таму преку видеа и фотографии ја пренесуваа низ социјалните мрежи веста за појавата на крст во планината одспротива на дрвјата, кој како што велат го имало се додека траела Богослужбата а потоа, кога завршила, појавата на крст повеќе не можела да се види. Е сега, што уште знаеме за овој манастир. Кога е изграден до такви податоци и покрај обидот да дознаеме не успеавме.
Она што од верник кој бил и лично во овој манастир дознавме дека , манастирот бил срушен за време на Турско 1830/40 тогаш повеќе манастири се рушеле. Обновен бил 1922 година и тој изглед одтогаш е задржан до ден денес.
Постепено е поправан манастирот со годините од верниците што укажува дека не го оставиле на забот на времето
Така овој манастир е сега обновен и целосно заштитен за век и векови.
Снежана