Не застанал на полициски знак, па удрил во „БМВ“ 

 1,092 

Полициски службеници од Полициска станица Богородица на 22.05.2022 во 13.30 часот на автопат А1 во правец Смоквица-Демир Капија го лишиле од слобода И.Б.(26) од Скопје, кој во патничко моторно возило „фолксваген голф“ со велешки регистарски ознаки превезувал шест лица- мигранти од Сирија и Авганистан.

И.Б. при обид да биде сопрен од полициски службеници, не застанал, и на место викано „Црвени брегови“ со возилото удрил во патничко моторно возило „БМВ“ со скопски регистарски ознаки управувано од Б.К. од Гостивар“, информира МВР.

Известен е јавен обвинител. И.Б. е задржан во Полициска станица Неготино и по насока на јавен обвинител против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 418-б,ст.2 од Кривичниот законик.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment