Не сум уапсен, вели екс директорот на ЗОО Скопје

 448 

Јас само давав изјава вчера пред надлежните служби, не сум притворен – за ,,Фокус” вели Кристијан Стаменов, директорот на ЗОО Скопје, кого вчера го разреши скопската градоначалничка Данела Арсова, по скандалот со кланицата извршена над десеттина коњи во кругот на институцијата.

Денес во повеќе медиуми се објави веста дека тој бил уапсен. Според МВР, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција при МВР и Одделението за криминалистички работи Карпош, лишија од слобода 5 лица, и тоа Д. М. (25), А. М. (43), М. Х. (45), В. Г. (46), вработени во Зоолошката градина во Скопје и З. Р. (44), надворешен соработник.

„При извршена обиколка на Зоолошката градина, по претходно добиени сознанија, тие биле затекнати во помошните простории на Зоолошката градина односно во кујна за подготвување храна за животните, како подготвуваат храна од коњи (12 коњи и една мазга) кои ги колат на лице место за месото да го употребат како храна за дивите животни во Зоолошката градина.

Дополнително бил повикан и К. С. (35), директор на Зоолошката градина, со кого бил извршен службен разговор.

Сепак, како што ни изјави Стаменов, тој вчера имал разговор со инспектори од Агенција за храна и вeтаринарство и не е уапсен, а денес ќе одржел прес на кој ќе ја информира јавноста за сите детали поврзани со настанот.

Се очекуваат одговори на прашањата од каде потекнуваат коњите за кои првично беше соопштено дека биле запленети од дрвокрадци и кој одлучил дека тие треба да бидат заклани и искористени како храна за месојадните животни во зоолошката, со оглед на тоа што има јасна процедура за набавка на месо во институцијата.

Вики Клинчарова

https://fokus.mk/ne-sum-uapsen-veli-eks-direktorot-na-zoo-skopje/

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment