Нискоградба Битола ги исчисти патиштата и останува во служба на граѓаните

На подрачјето на поранешната општина Цапари, досега наврнаа околу 25 сантиметри снег. КЈП Нискоградба и нивните подизведувачи со соодветна механизација, како дел од зимската служба на Општина Битола вршат расчистување на снегот. Во моментот на терен се чисти со два камиони со посипувач и нож, ровокопач со нож за снег и еден трактор со нож за снег. Доколку биде потребно, во текот на денот ќе бидат ангажирани дополнителни екипи со соодветна механизација.Со досегашната интервенција на екипите на КЈП Нискоградба Битола исчистени се патиштата во селата Ѓавото, Лера, Рамна, Српци, Доленци, Цапари, Ротино и Маловишта. Остануваме во служба на граѓаните на Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment