Нормализиран сообраќајот на патот Битола -Ресен, беше во прекин поради сообраќајка

 105 

Од 17:10 часот, сообраќајот на патниот правец Битола – Ресен, кој претходно беше во прекин е нормализиран, информираат од АМСМ.

Собраќајот беше во прекин откако се судрија камион и автомобил при што патот беше под целосна блокада. Ова создаде километарска колона на автомобили од двата патни правци.

Очевидци велат дека причина за сообраќајката е неисчистениот снег од патот

„Од 15:55 часот е воведена забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Ресен – Битола преку планинскиот превој Ѓавато“, информира од АМСМ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment