Обраќање на Градоначалникот Тони Коњановски по повод Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот

 71 

Сеќавањето на минатото, треба да биде наш патоказ кон заложбите за создавање подобра иднина и меѓусебен соживот. Толеранцијата, меѓусебното почитување и разбирање, соработката и заедничкото делување треба да бидат дел од нас, од начинот на функционирање во домашната и меѓународната политика, во секојдневниот живот.

Денес, на Меѓународниот ден на сеќавање на Холокаустот, споменувајќи си за жртвите, се сеќаваме на едно тешко време, оддавајќи им почит и на 7144 Евреи од Македонија кои на 11 март 1943 година беа собрани во фабриката за тутун во Скопје, а оттаму депортирани во логорот на смртта во Треблинка. Меѓу нив, присилно биле протерани 798 семејства со 3351 битолски Евреи.

Трагедијата која е дел од минатото и наш вечен спомен, постојано треба да биде и наше предупредување колку говорот на омраза и непочитување може да биде деструктивен за еден народ, нација, држава. Да ги почитуваме минатото, да ги негуваме спомените, да не дозволиме страдалните приказни да се повторат!-рече Тони Коњановски градоначалник на општина Битола

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment