На Широк сокак и на – 20 пијат кафе ако треба и стоејќи, ако нема слободна маса ама важно ќе испијат едно кафенце на отворено. Нема зима да е зима во Битола ако не се шетаат и на – 20 . Честопати од другите градови знаат да спомнат…Пијат, оти битолчани и битолчанки се кабадаи, но, НЕ. Пиењето овде кафе на – 20, е, ем навика, ем традиција, и пред се затоа што битолчаните сме такви, природно. Пандемијата сепак влијаеше на овој убав традиционален начин на живот, Кафе на Широк сокак на – 20, но се надеваме дека идната зима повторно и на – 20 сите заедно ќе се сретниме на кафе на сред Широк сокак , на улицата позната како БИДИ ВИДЕН .Но доколку има снег и улиците не се проодни тогаш “гори фб од коментари” да го исчистат надлежните снегот побрзо, за да можат да одат на Широк сокак кафе да пијат.
А кога водата во Драгор ќе подзамрзни Битолчани велат дека е многу убаво, тоа е знак дека е време за зимско кафе на отворено , навикнати на студ Битолчаните уживаат во благодетите на зимата во градот кој во зима има своја посебна убавина
Единствен град кој има свој стил и начин на живот е Битола, и тешко некој да го копра, не може секој да се дотера за надвор на – 20 кај Широк сокак кафе да пие, тоа е одлика само на Битолчаните!!!