Од петок блокади во цела земја против францускиот предлог!Еве каде ќе бидат блокадите

 969 

Блокади низ целата држава од утре со почетокот во 13 часот, беа најавени вечерва од протестот пред Собранието со кој веќе шести ден се бара отфрлање на францускиот предлог за кревање на бугарското вето и деблокада на македонските евроинтеграции.

Поранешниот амбасадор Ивица Боцевски, на денешниот протест „Ултиматум, НЕ благодарам“ најави дека од утре започнуваат блокади низ целата држава поради францускиот предлог.

Утре ќе имаме блокади низ целата држава. Блокадите ќе почнат во 13 часот, ќе ја блокираме цела Македонија додека нашите храбри пратеници се борат во Собранието за нашите интереси за одбрана на македонскиот јазик, народ и држава“, посочи Боцевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment