Од утре промена на времето: Врнежи од дожд, ветер, а на повисоките места и снег

Утре ќе преовладува променливо облачно време со засилен јужен ветер. Попладне под влијание на нов влажен бран ќе има врнежи од дожд кои во вечерните часови локално ќе бидат пообилни (над 20л/м2). Поради спуштање на значително постудена воздушна маса во ноќните часови ќе започне да дува засилен северен ветер и врнежите на планините и на некои повисоки места ќе преминат во снег, но ќе слабеат по интензитет.

За време на викендот ќе преовладува променливо облачно и студено време со засилен, повремено силен (над 80 км/час) северен ветер. На повисоките места и на планините ќе има слаби локални врнежи од снег, особено во сабота.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment