Од утре, 28 ноември, започнуваат Божикните пости кои траат 40 денови

Денешниот ден, 27 ноември, се нарекува уште божикни поклади. Овој ден е и денот на споменот на Апостол Филип. 

Православната црква запишала дека Божикниот пост е востановен за да верниците можат, во пресрет на Рождеството Христово, да се очистиат себеси со покајание, молитва и пост, и со чисти срца, душа и тело, благоговејно да Го пресретнат Синот Божји што се јави во светот, принесувајќи Му го, наместо обични дарови и жртви, чистото срце на верниците и желбата за последување на Неговото учење.

Секој пост има правила, во кои денови се пости стого, а во кои денови е дозволено масло, вино и/или риба. Верниците строго се придржуваат на црковните правила.

Од утре, 28 ноември, започнуваат Божикните пости кои траат 40 денови, пред големиот празник Рождеството Христово Божик, на 7 јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment