Неговите свети мошти се откриени на овој ден-1950 год.
Светиот се јави на една млада девојка и и го покажа местото каде се затрупани неговите мошти, а потоа и го објави и целото житие и маченичка смрт. По ова, беше изграден прекрасен манастир на тоа место, во близина на градот Неа Макри, кај Атина, а девојката се замонаши и стана и ИГУМЕНИЈА (мајка Макарија). Од нејзината уста лично го слушнав целиот овој настан во 1986 г. кога мојот многу мил и незаборавен о. Нифон прв пат ме однесе во тој манастир, каде добив и Икона од Светиот. На 21 дек.(3 јануари) се слави откривањето на неговите Св. Мошти, од кои постојано се случуваат безброј чудесни изцеленија.