Вечерва остварив работна средба со раководството на СВР Скопје и ги посетив дел од полициските службеници на терен кои во пресрет на новогодишната ноќ имаат задача да се грижат за безбедносната состојба и одржување на јавниот ред и мир.
Огромна благодарност до македонската полиција, до секој еден македонски полицаец којшто моментално не е со своето семејство во својот дом, туку е на терен помеѓу македонските граѓани на местата каде што се прославува новогодишната ноќ.
Покрај полициските службеници од сите сектори кои се на терен, имаме полициски службеници и од сообраќајната полиција како во рамки на СВР Скопје така и во рамки на сите останати Сектори за внатрешни работи низ Македонија. Присутни сме и контролираме, ќе бидеме будни како македонска полиција и ја користам оваа прилика да испратам апел до сите наши граѓани, посебно до оние кои оваа вечер ќе слават и ќе консумираат алкохол, да не управуваат моторно возило, како и да не користат пиротехнички средства кои што би можеле да нанесат повреди.
Македонските граѓани можат да се чувствуваат безбедни. Посакувам оваа ноќ сите да ја поминат во пријатна атмосфера, мирно и достоинствено да прославуваат, а полицијата е присутна и будно ќе ја следи состојбата во насока на одржување на јавниот ред и мир.- напиша Панче Тошковски министер за внатрешни работи на својата фб страница