Патувале кон Цапари, биле пресретнати и физички нападнати од повеќе лица кои полицијата ги лиши од слобода

 3,720 

На 03.10.2022 полициски службеници од ОВР Прилеп ги лишиле од слобода С.П.(34), Т.П.(32), двајцата од Росоман, Г.С.(25), Н.Н.(34) и В.С.(36), тројцата од Прилеп, постапувајќи по пријава од Р.Н.(35) од с.Мелница, Општина Чашка, според која додека тој и членови на неговото семејство со патнички возила патувале од с.Мелница кон с.Цапари, битолско биле пресретнати и физички нападнати од неколку лица кои биле со патнички возила „поло“, со кавадаречки ознаки и „БМВ“, со прилепски ознаки. Лицата се приведени и по
документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.- информираат од СВР Битола

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment