Регионалниот ЦУК Велес, известува дека преку единствениот број за итни случаи Е-112 е добиена информација за повеќе заглавени возила помеѓу двете патарини на угорнините на дел од дестинацијата од автопатот Велес – Скопје.
За настанатата состојба се известени во ЈП за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта коишто веќе имаат возила на терен што вршат расчистување на наведениот патниот правец.