Повратен билет на релација Скопје-Битола се движи од 630 до 700 денари

 627 

„Има зголемување на цените на 90 проценти од правците, некој превозници ги зголемија цените во изминатиов месец, некои вчера и во петокот. Ова е нешто што не е во наша моќ, ние како здружение на превозници имавме разговори со надлежните во делот на акцизата да се интервенира за превозниците коишто учествуваат во јавен превоз на патници, ученици со што превозниците нема да интервенираат со покачување на цените редовно, но до денеска нема никаков одговор“, рече Масар Омерагиќ, превозник.

Од вчера цената на билет во еден правец на релација Тетово-Скопје изнесува 200 денари или за 50 денари поскапо, додека од Куманово до Скопје сега се патува за 170 денари или за 20 денари поскапо. И граѓаните кои патуваат кон другите градови велат дека цените се зголемени.

„До Неготино, поскапени се за 100 денари плус беа 500 сега 600 денари повратна од вчера се поскапени. Нема патување повеќе…“

„600 денари тука негде 580 денари за Битола, не сум била две години не можам да направам споредба…“

„За Радовиш, не патувам често, 160 денари во еден правец“, велат граѓаните.

Цените на билетите во зависност од превозникот се различни. Повратен билет на релација Скопје-Битола се движи од 630 до 700 денари, а до Гевгелија 770. Засега највисока цена држи релацијата Скопје-Охрид за која од паричниот треба да се извадат 930 денари за повратен билет.

Андреа Чобанова

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment