Пожар на отворен простор во непосредна близина на с. Соколарци, Општина Чешиново-Облешево

 294 

ТППЕ Кочани по дојава од Е-122, во 11,40 часот на терен интервенираат на пожар на отворен простор во непосредна близина на с. Соколарци, Општина Чешиново-Облешево.

Во моментот гори сува трева, нискостеблеста шума и стрниште. Поради силниот ветер пожарот се шири брзо а неговото гаснење е отежнато.

Моментално се интервенира со 12 пожарникари и 3 ПП возила како и дел од месното население.

Во гаснењето на пожарот се приклучија и ДПД Кочани со 1 ПП возило и 3 доброволци.

За пожарот се известени МВР ПС Кочани, ПОЗС Кочани и градоначалникот на Општина Чешиново-Облешево.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment