Полициски возила опремени со специјални камери во иднина ќе снимаат и ќе казнуваат за неправилности во сообраќајот

Полициски возила опремени со специјални камери во иднина ќе снимаат и ќе казнуваат за неправилности во сообраќајот во Северна Македонија. Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, вели дека станува збор за новина којашто ќе биде имплементирана во рамките на воведувањето на системот „Безбеден град“ (Сејф сити).

Полициските возила ќе бидат целосно опремени со паметни камери и при движење на конкретни сообраќајници и улици, ќе ги „ловат“ сите погрешно паркирани возила. „Потоа тие ќе бидат процесуирани во системот врз основа на компјутерска обработка на податоците кои ќе бидат во системот“, вели министерот. На тој начин, очекувањата се дека возачите ќе се придржуваат повеќе до правилата, бидејќи ќе знаат дека секој кој нема да ги почитува ќе биде казнет. Тоа, пак, ќе резултира со намален број на сообраќајни незгоди и загубени животи.  

Првите казни ќе почнат да се изрекуваат од 1 јануари 2026 година, но системот ќе почне да функционира и порано, со тоа што ќе се испраќаат предупредувања до возачите за направените прекршоци. 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment