Полицијата изрече 158 казни за брзо возење

 1,229 

Министерството за внатрешни работи имаше засилена акција на територијата на Македонија за санкционирање на возачите кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 158 возачи.

Од нив шест возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. Притоа, 75 возачи ја пречекориле брзината во населено место, а 83 надвор од населено место.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заедничким да придонесеме за побезбедни патишта“, соопштија од МВР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment