614
Од УХМР известуваат дека ќе продолжи периодот на променливо облачно време од пладневните часови и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време (над 25 l/m²), електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и изолирана појава на град. Особено пообилни врнежи ќе има од четврток кон деновите од викендот.