Поради најавите за невреме во Македонска Каменица се чистат одводните канали

Како резултат на најавите за поројни дождови во Македонска Каменица се чистат отворените одводни канали, информираа од јавното претпријатие „Камена Река”.

Оттаму велат дека прочистувањето на отворените одводни канали е од витално значење за спречување на поплави и други штети по имотите на граѓаните.

– Со вклучена крупна механизација бевме вклучени во отстранување на насобраниот отпад, листопад, кал и други пречки кои можат да го блокираат протокот на водата во Грчки Дол кај Долно Маало во Македонска Каменица. Редовното одржување на одводните канали не само што ги минимизира ризиците од поплави, туку и го подобрува квалитетот на водата во околната – истакнаа од ЈП „Камена Река”.

Од претпријатието најавија дека ќе продолжат со преземање мерки за навремено чистење на отворените канали и суводолици во останатите приградски и рурални средини во општината.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment