Како дел од проектот “Интеграција на зелен транспорт во градовите”, во тек се работни активности за поставување на фотонапонски панели на кровот на Спортската сала „Боро Чурлевски“ и поставување на станица за полнење на електрични возила. Со целосното завршување на проектот, предвидено е да се дизајнира и примени енергетски ефикасен, регионален интелигентен транспортен систем – ИТС кој ќе овозможи и промоцијата на прекуграничната област, развој на туризмот и слично. Градоначалникот Тони Коњановски, денес изврши увид на динамиката на работа на терен.Со реализацијата на проектните активности, Општина Битола, набави и две електрични возила: едно комбе со 8+1 седиште и едно возило со 5 седишта како и соодветна комуникациска опрема со адекватен софтвер. Последната фаза од проектот вклучува пилот употреба и ставање во функција на комплетниот систем.Проектот, кој беше аплициран во 2016 година, се имплементира во рамките на првиот повик од ИПА Прекуграничната програма за соработка со Република Грција 2014 – 2020 со вкупен буџет за Општина Битола од 196.330,00 евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
-
ВРЕМЕТО УТРЕ: Претпладне со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини
Претпладне со појава на магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево... -
Житие: Собор на семејството на св. Григориј Палама
Во првата недела по празникот на свети Григориј Палама (14/27 ноември) е прославено и семејството на... -
Сообраќајот се одвива во зимски услови, се препорачува внимателност
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки...