Постои верување поврзано со манастирот Света Ана кај Маловишта

Loading

Постои верување поврзано со манастирот Света Ана кое вели дека манастирот има чудотворна моќ да дава пород. Брачните парови кои имаат проблеми со формирањето на семејство, на  6–ти наспроти 7–ми август треба да преспијат во просториите на црквата Света Ана. А таа ќе ги слушне и исполни нивните молитви и ќе ги успокои и израдува нивните души.
Мештаните раскажуваат за многу брачни парови кои немале деца, но по посетата на манастирот добиле пород и благодарни, секогаш доаѓале на славата на манастирот.
Во близина на манастирот има и лековита вода што извира од коренот на една бука и тука е од памтивек

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment