176
Протестите против францускиот предлог за почеток на преговорите со ЕУ пред Собранието завршија по полициската интервенција против демонстрантите кои се обидуваа да ја демолираат зградата на парламентот.Група демонстранти ја урнаа заштитната ограда
фрлаа со јајца, камења и други предмети кон собраниската зграда и полицискиот кордон кој го штитеше влезот во парламентот.
полициски екипи одлучија да интервенираат и да ги избркаат насилните демонстранти од пред Собранието во правец кон паркот „Жена борец“ и Градскиот трговски центар.
Тројца полицајци се повредени, а едно полициско возило е оштетено, потврдија за МИА полицајци од терен, во немирите што се случија пред зградата на Собранието.
Од МВР потврдија дека има повредени полицајци, но не се знае точната бројка, а четири лица се приведени од демонстрантите.