Првиот снег заврна утрово во неколку градови

Во градот Делчево и околните села снежната покривка е минимална, додека врнежи од снег утрово има и во општините Македонска Каменица, Берово и Пехчево.

Првата мала снежна покривка утринава е забележана на Водно, но и на Пониква и од Попова Шапка.

 Снег утрово има и во општините Македонска Каменица

Во моментот во делчевско најмногу снег има наврнато на планината Голак, во селото Тработивиште, како и на подрачјето на селото Ѕвегор во близина на граничниот премин кон Република Бугарија. 

Наноси од снег утринава се причина што на патниот правец Кратово – Пробиштип има забрана за движење на тешки моторни возила.

Како што информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ) забрана е воведена во 7 часот.

Од АМСМ велат дека сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози.

Од Јавното претпријатие „Македонија пат“ велат дека на одредени патни правци кои поминуват низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Оттаму апелираат на внимателно управување со возилата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација како и прилагодување на брзината спрема условите на патот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment