Денеска (17.09.2024) Отсекот за превенција при СВР Битола и полициската станица за безбедност на сообраќајот при СВР Битола во координација со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот при општина Битола, спроведоа превентивна активност на подрачјето на Битола со студентите на Педагошкиот факултет во Битола, во рамките на „Европската недела на мобилност”.
„Европска недела на мобилност” e активност, односно кампања која на иницијатива на Европската комисија, се спроведува секоја година, во периодот од 16 до 22 септември. Кампањата има за цел промоција на алтернативни форми на мобилност како што е пешачењето и велосипедизмот. Согласно тоа, СВР Битола во овој период реализира низа активности за промоција и поддршка на алтернативните форми на мобилност со посебен акцент на поддршка на велосипедизмот.