Превентивни активности на МВР Куманово, Тетово, Битола и Ресен

Loading

Вчера (20.11.) на подрачјето на Секторите за внатрешни работи Куманово, Тетово и Битола беа реализирани превентивни активности првенствено фокусирани на учениците.

Притоа, во рамки на Светскиот ден на детето, Отсекот за превенција при СВР Куманово во центарот на градот организираше настан на кој што учествуваа ученици од повеќе образовни установи во градот, а под мотото – „Безбеден град, убав град“, додека пак во Тетово полициски службеници од СВР Тетово во соработка со Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата започнаа со реализација на проектот – „Училишни сообраќајни патроли“ со кој што ќе бидат опфатени повеќе основни училишта на подрачјето на Тетово.

И во Битола полициски службеници од СВР Битола под мотото „Кажи не на дрогата, да на животот“ реализираа превентивно-едукативна работилница со основците од основното општинско училиште „Кирил и Методиј“ од Битола. Инаку, вчера и во Ресен полициски службеници од ОВР Ресен при СВР Битола организираа средби со граѓани на тема поврзана со превенцијата од имотни деликти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Leave a Comment